Достапни линкови

Мјанмар: Партијата на Су Ки го бојкотира парламентот


Аунг Сан Су Ки

Аунг Сан Су Ки

На денешната прва седница на парламентот на Мјанмар, по последните избори, пратениците на партијата на продемократскиот лидер Аунг Сан Су Ки и одбија да ги заземат местата поради пратеничката заклетва. Тие бараат замена на зборовите ,,законодавците се чувари на уставот,, со зборовите,, законодавците ќе го почитуваат уставот,,. Според нив, самиот израз ,,чувари на уставот,, е недемократски.
XS
SM
MD
LG