Достапни линкови

Најкоментирани темите за петкратното убиство


Најмногу се коментираа темите за петкратното убиство во околината на Скопје и интервјуто со амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет.

Петкратното убиство во околината на Скопје, пред Велигден и тоа колку остави впечаток на обичниот граѓанин. Толку за и натаму да бидат недобројни коментарите на таа тема и на нашата веб-страница.
Битен е идеологот, а за да се најде тој не требаат многу материјални докази, туку само логика врз база на идеолошки и историски факти.

Извештајот на дописникот на Радио Слободна Европа од Белград, за не баш професионалните шпекулации во тамошниот печат, го предизвикал Владо да напише дека тоа се пусти желби на северниот сосед Македонија да заостане во напредокот кон ЕУ и НАТО и да биде територијално поделена - како Србија и Косово. Владо дури смета дека голем дел од провокативните настани се режирани во кујните на Србија, Грција и Бугарија.

Зоран смета дека ние во Македонија не смееме да наседнуваме на вакви пропаганди (српските медиуми речиси без задршка за убиството сметаат дека извршителите се Албанци) и дека тоа треба да биде само насока во која ќе се истражува. Битен е идеологот, пишува Зоран, а за да се најде тој не требаат многу материјални докази,туку само логика врз база на идеолошки и историски факти.

Некој наш слушател, потпишан со Анонимен 2, смета дека МВР немал врска, и вели, „дури ни Сител веќе не го спомнува случајот. Срамота!!.“

Неделното ТВ интервју на амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет, за нашата редакција го натерало слушател потпишан со „Полат Алемдар од Македонија“ да испрати како коментар цела своја анализа на ситуацијата наредена по точки: Прво, иако немал позитивно мислење за Јанкулоска, тој се согласува со нејзините апели за смирување на меѓуетничките страсти, зашто што ќе коментираат истите тие што сега викаат дека извршителите биле муслимани, односно Албанци ако на крај се покаже дека не биле тоа? Второ, медиумите под итно да престанат со давање свои коментари и толкувања само заради зголемување на гледаноста или читаноста, трето, Полат не се согласува со МВР дека извршителите би можеле да бидат и странци кои веднаш излегле од државава, и четврто, судот, вели, кога тие ќе бидат фатени, не смее да донесе казна помала од доживотен затвор, без право на жалба и помилување.

Времето не ни дозволува пошироки изводи, ама част и чест, што велат повозрасните, на Полат, кој во неговата анализа покажал изненадувачки точни перцепции за состојбите во Македонија, и на политички и на планот на меѓуетничките односи и состојбите во медиумите. Кој ќе каже дека таканаречените обични наши луѓе не знаат и не гледаат што се случува околу нив.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG