Достапни линкови

Кина го пофали новото раководство на Северна Кореја


 Ким Џонг Ун

Ким Џонг Ун

Кинескиот државен советник Даи Бингуо синоќа во Пекинг разговарал со делегација на Северна Кореја предводена од секретарот на Централниот комитет на владејачката Работничка партија Ким Јонг Ил. Притоа, како што соопшти кинеското министерство за надворешни работи, била изразена доверба дека новото раководство на Северна Кореја на чие чело е Ким Џонг Ун ќе го продолжи патот на натамошен развој на земјата. До ова доаѓа и покрај меѓународните негодувања против тоа што Северна Кореја, иако неуспешно, лансираше ракета со долг дострел.
XS
SM
MD
LG