Достапни линкови

Саркози и Оланд ќе се натпреваруваат за претседател на Франција


Социјалистичкиот кандидат Франсоа Оланд и конзервативниот претседател Николас Саркози.

Социјалистичкиот кандидат Франсоа Оланд и конзервативниот претседател Николас Саркози.

Социјалистичкиот кандидат Франсоа Оланд и конзервативниот претседател Николас Саркози ќе се соочат во вториот круг на претседателските избори во Франција што ќе се одржи на 6 мај, покажуваат резултати од вчерашниот прв круг од изборите. Пребројаните гласови покажуваат дека Франсоа Оланд освоил 28, 63 проценти до гласовите а Никола Саркози 27, 08 проценти. За еден кандидат да победи во првиот круг треба да освои повеќе од 50 отсто од гласовите. Кандидатот на десничарскиот Национален Фронт Мари Ле Пен е на трето место со 18,01 отсто од гласови што е најмногу во историјата на партијата која ја основа нејзиниот татко Жан Мари Ле Пен. Поддршка од Ле Пе ќе биде клучна во вториот круг на гласање. Но до 1 мај нема да се знае кого ќе подржи од двајцата кандидати.
XS
SM
MD
LG