Достапни линкови

logo-print

Финализиран нацрт-договорот за американско-авганистанско партнерство


Aвганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Aвганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Нацрт-договорот за американско-авганистанско партнерство беше финализиран вчера во Кабул. Пратениците од двете земји мора да го одобрат договорот пред да биде потпишан од претседалите на Авганистан и на САД. Договорот ја утврдува рамката за идната американска помош, но не се наведува дали се предвидува одреден број американски војници и советници да останат во Авганистан по повлекувањето во 2014 година. Тоа прашање треба да биде регулирано со посебен договор. Преговорите беа одложувани со месеци додека Вашингтон не се согласи со барањата на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за контрола за затворите и за запирање на ноќните рации во домовите на Авганистанците.
XS
SM
MD
LG