Достапни линкови

Лавров во посета на Таџикистан


Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска ќе престојува во посета на Таџикистан. Предвидено е тој да разговара со претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон и со владини претставници. Тема на разговорите ќе бидат соработката на нациите од Централна Азија за нивната колективна безбедност како и за економски прашања. Властите во Таџикистан соопштуваат дека со рускиот министер сакаат да разговараат и за руски инвестиции во нивната земја особено за развојот на гасни полиња затоа што Таџикистан се соочува со немање на електрична енергија во поголемиот дел од годината. Русија има воена база во Таџикистан.
XS
SM
MD
LG