Достапни линкови

Предлог-договор за американско - авганистанско партнерство


Долгорочен предлог – договор за Американско – Авганистанско партнерство е финализиран во Кабул од страна на претставници на двете земји, соопштија од кабинетот на Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Властите во двете земји мора да го одобрат договорот, по што документот треба да го потпишат претседателот на САД Барак Обама и неговиот авганистански колега Хамид Карзаи со цел конечно усвојување на предложените одредби. Авганистанскиот министер за надворешни работи Амин Расоул би требало да ги брифира властите за договорот во понеделник.
XS
SM
MD
LG