Достапни линкови

logo-print

СДСМ против врбите во Вардар, ВМРО против опозициските градоначалници


СДСМ денеска на прес-конференција изрази незадоволство од вчерашното поставување врби во коритото на реката Вардар, во време кога се крати буџетот за некои витални потреби. „Тажно е што Владата во момент кога се задолжува со нови 250 милиони евра, поставува три жални врби платени 250.000 евра“ изјави членот на опозициската партија Јани Макрадули. Во писмената реакција на владеачката партија се наведува дека Макрадули не кажал ниту збор за градоначалникот Зоран Заев кој, како што велат од партијата, префрла пари не само на свои фирми, туку и на фирмата на сопругот и синот на пратеничката од СДСМ, Цветанка Иванова.
XS
SM
MD
LG