Достапни линкови

Активна излезност на претседателските избори во Франција


Излезноста на претседателските избори во Франција се опишува како активна. Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќе од една четвертина од регистрираните 44 милиони гласачи го оствариле своето право предпладнево. Податоците ги смируваат стравувањата од гласачка апатија кои се базираа на мислењето дека за време на кампањите не биле разгледувани клучни прашања како невработеноста. Изборите се сметаат за тест за актуелниот претседател Николас Саркози, за кого се очекува да влезе во вториот круг, заедно со противкандидатот од социјалистичката партија Франкос Холанде.
XS
SM
MD
LG