Достапни линкови

Светска банка е подготвена да ја поддржи Македонија со 100 милиони долари


Светска банка искажа подготвеност да ја поддржи развојната политика на Република Македонија со 100 милиони долари за развој на конкурентноста и поддршка на реформите во економијата, здравството, образованието и социјалната сфера, соопштија од Министерството за финасии. Министерот Зоран Ставрески се сретна со високи претсавници на двете организации. Како што соопштуваат од државната институција, претставниците го поздравиле навремениот ребаланс на буџетот согласно актуелните случувања со должничката криза во Европа.
XS
SM
MD
LG