Достапни линкови

Тимошенко однесена во болница


Поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко е однесена на лекување во болницата во Харков. Затворските служби соопштија дека Тимошенко пристигнала во болницата во петокот вечер и дека се решила да оди на лекување по препораките на германски доктори.

Но нејзиниот адвокат се соменва дека таа се согласиал да биде преместена во болницата во Харков. Тимошенко претходно одби третман во болница.

Адвокатите на Тимошенко и нејзиното семејство велат дека таа со месеци страда од болки во грбот. Тимошенко издржува седумгодишна затворска казна за злоупотреба на службената должност.
XS
SM
MD
LG