Достапни линкови

Груевски - Состојбата во економијата, не е сјајна, но е добра


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Состојбата во економијата, според премиерот Никола Груевски, во услови на европска должничка криза и рецесија во ЕУ не е сјајна, но е добра. Имаме, вели, стабилна макроекономска политика, цврста стабилност на валутата, највисоко ниво на девизни резерви, низок долг, рече Груевски.

Тој исто така ги потврди смените на околу 150 функционери назначени од партијата и најави дополнителен мониторинг до есен на работењето на уште 40 до 50 функционери. Испразнетите места ќе бидат пополнети преку конкурси, а премиерот ги повика сите заинтересирани, без разлика дали се членови на ВМРо-ДПМНЕ, да се јават на нив.
XS
SM
MD
LG