Достапни линкови

Протести во Прага против владините мерки за штедење


Десетици илјадни луѓе протестираа денеска во главниот град Чешка, Прага, против владините реформи и мерките за штедење.
Синдикати, пензионери, здруженија на студентите, како и други групи ја повикаа владата да поднесе оставка и побараа предвремени парламентарни избори.

Премиерот Петр Нечас рече дека го почитува правото луѓето да го изразат својот став, но застана во одбрана на мерките. Неговата влада вели дека реформите на пензискиот и здравствениот систем и мерките за кастрење на буџетот се неопходни за да се врати буџетскиот дефит на ниво под 3 проценти од Бруто домашниот производ.
XS
SM
MD
LG