Достапни линкови

„Свирци из Кавадарци“ и во САД


Музичкиот бенд Плодова вода, Васко Дуковски, Јордан Костов и Круме Стефановски.

Музичкиот бенд Плодова вода, Васко Дуковски, Јордан Костов и Круме Стефановски.

„Свирци из Кавадарци“, албумот на македонското трио ПЛОДОВА ВОДА, по скопската промоција наскоро ќе биде објавен во САД.

Со концерт како што доликува на уметници кои пред се ја чествуваат слободата во сопствениот израз, триото ПЛОДОВА ВОДА, изминатиов четврток во Музеј на град Скопје, ја стори промоцијата на своето првенче – албумот „Свирци из Кавадарци“. Станува збор за издание на продукциската куќа „Чикен меднес“ и носач на звук на кој се забележани 10 авторски композиции кои нудат свежа комбинација на традиционалната музика главно од нашево поднебје со џезот и фанкот, но нималку жанровски профилирана или оптоварена од строги концепти.
Матријалот кој се наоѓа на албумот е отворен за интерпретација, генерално сите композиции се организирани на некој начин, некои се испишани детално, многу од нив даваат простор за различна интерпретација, солажи и самиот стил на музиката мислам ќе биде лесен за да вклучиме кој било светски музичар кој би ни се приклучил.

„Матријалот кој се наоѓа на албумот е отворен за интерпретација, генерално сите композиции се организирани на некој начин, некои се испишани детално, многу од нив даваат простор за различна интерпретација, солажи и самиот стил на музиката мислам ќе биде лесен за да вклучиме кој било светски музичар кој би ни се приклучил“, вели кларинетистот Васко Дуковски, кој подолго време живее и работи во Њујорк.
„Свирци из Кавадарци“, албум на македонското трио ПЛОДОВА ВОДА

„Свирци из Кавадарци“, албум на македонското трио ПЛОДОВА ВОДА


Него пошироката публика го познава како класично образован музичар - виртуоз на својот инструмент. Со колегата Исмаил Лумановски свират во ГРНЕТА АНСАМБЛ, член е на повеќе разнородни американски постави, соработник на Дуке Бојаџиев, а од минатото лето го среќававме и на концертните настапи на групата СТАРОВСКИ.
Првичната идеја беше да се свири некаква слободна музика која не е оптоварена со жанровска определба, не е оптпварена со простор, време. Интересно е што сето тоа е отсвирено само со три инструменти.

И, токму перформансите што ги имаше со нив ја изнедрија соработката со хармоникашот и композитор Јордан Костов и актерот и перкусионист Круме Стефановски. Тој вели дека музичката авантура ја започнале со идеја да се свири некаква своја, имагинативна музика.

„Првичната идеја беше да се свири некаква слободна музика која не е оптоварена со жанровска определба, не е оптпварена со простор, време. Интересно е што сето тоа е отсвирено само со три инструменти. “

Иницијацијата за снимањето на албумот е резултат на нивниот настап на фестивалот „Фосна“ во Сараево, по што триото влегува во студио заедно со снимателот Бојан Угриновски. За ова Јордан Костов забележува дека тие всушност и се запознале на сцена.

„Со Васко се запознавме практично на сцена и така и продолжи дружењето, музиката произлезе од еден концерт во Сараево.“


Костов дополнува дека во меѓувреме во нив расцутуваат нови музички идеи, дека со овој материјал ги чекаат концертните настапи не само на престојниот „Локум фест“ во Битола и на уште неколку други случувања во земјава, туку ПЛОДОВА ВОДА за летово имаат договорено и перформанси во Франција и во Турција. Сепак, извонредно важно е и тоа што албумот „Свирци из Кавадарци“ наскоро ќе биде реобјавен и претставен на публиката во САД.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG