Достапни линкови

Анти НАТО протести во Русија


Анти НАТО протест во рускиот град Улјановск

Анти НАТО протест во рускиот град Улјановск

Илјадници луѓе марширале во рускиот град Улјановск во знак на протест против предлогот таму да се изгради транзитен центар за НАТО.

Демонстрантите носеле маици со слогани како „Стоп НАТО!„ и „Ние нема да толерираме НАТО во срцето на татковината".
НАТО побара дозвола да ги користат објектите на аеродромот во Улјановск, за својата мисија во Авганистан.

Новоизбраниот руски претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека е во „национален интерес“ да се одобри барањето, поради нестабилноста во Авганистан која може да резултира со ширењето на дрога и исламски екстремизам.
XS
SM
MD
LG