Достапни линкови

logo-print

Набљудувачи на ОН во посета на сирискиот град Хомс


Хомс.

Хомс.

Набљудувачи на ОН денеска се во посета на сирискиот град Хомс. Тимот од седум набљудувачи пред да оди во обиколка на градот имал средба со гувернерот на Хомс. Активистите за човекови права велат дека владата запрела со борбите, а војниците ги криеле тенковите пред набљудувачите да започнат со обиколката. Но извештаите не можат независно да се потврдат.
Советот за безбедност на ОН денеска треба да се изјасни за резолуцијата според која треба да се испратат 300 набљудувачи во Сирија за да го набљудуваат прекинот на огнот постигнат со посредство на специјалниот пратеник за Сирија, Кофи Анан.
XS
SM
MD
LG