Достапни линкови

Успешно изведена „Огнена подршка“


македонски војници

македонски војници

Нашите војници се обучени не само за НАТО-мировни операции, туку и за операции надвор од територијата на државата, изјави началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котевски по изведувањето на вежабата „Огнена поддршка на механизирана пешадиска единица во напад“, која денеска се одржа на армискиот полигон „Криволак“. Вежбата имаше за цел да се прикаже ефективна огнена поддршка на маневарските единици, како и обученост на персоналот од составот на механизираната пешадиска чета заедно со силите за огнена поддршка декларирани за учество во борбената група на Европската унија.
По вежбата министерот за одбрана Фатмир Бесими изјави дека единицата која ја изведувала вежбата покажала капацитет дека може да се носи со стандардите на НАТО.
XS
SM
MD
LG