Достапни линкови

Осуетен напад со 10 тони експлозив врз Кабул


Afghanistan -- Shafiqullah Tahiri National Security Depatement media in charge

Afghanistan -- Shafiqullah Tahiri National Security Depatement media in charge

Портпаролот на оделот за национална безбедност на Авганистан Шафиѓула Тахири соопшти дека силите за безбедност затворија 5 милитанти кај кои се пронајдени 10 илјади килограми експлозив.
Целта била да се превземе масовен напад во Кабул.
Тахири не кажа кога биле фатени милитантите. Како што е соопштено, експлозивот бил спакуван во 400 вреќи, скриени во камион со патлиџани во предградието на Кабул.
Според полицијата, 5 милитанти биле членови на пакистанските талибанци кои се поврзани со авганистанските талибанци.
XS
SM
MD
LG