Достапни линкови

Германија и Австрија ќе испратат дополнителни сили на Косово


Kosovo -- KFOR soldiers from Germany remove a barbed wire from the road in the village of Jagnjenica, 06Dec2011

Kosovo -- KFOR soldiers from Germany remove a barbed wire from the road in the village of Jagnjenica, 06Dec2011

НАТО испрати барање до Германија за испраќање дополнителни трупи на Косово, кое официјален Берлин го прифатил.
Како што пренесува албанската агенција Балкан веб, повикувајќи се на германскиот весник „Шпигел“, дополнителните сили ќе послужеле за брза интервенција „во северот на Косово, каде што постои страв од влошување на состојбата за време на одржувањето на изборите во Србија“.
Германија во Косово ќе испрати 550 војници од единицата за брза интервенција (ОРФ) кои ќе бидат засилени и со нов контингент од 150 австриски војници.
Во Косово моментално се стационирани 1.300 германски војници, од вкупно 5.800 колку што има во рамки на мисијата на КФОР.
Германскиот министер за одбрана Томас де Мезиер во февруари состојбата на Косово ја оцени како комплексна, оценувајќи дека е незамисливо евентуално редуцирање на трупите на КФОР.
XS
SM
MD
LG