Достапни линкови

Ховит: Убиството кај Смиљковци да не ја попречи ЕУ интеграцијата на Македонија


Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит смета дека петкратното убиство кај Смиљковци не смее да го попречи приближувањето на Македонија кон ЕУ.
Британскиот европратеник, во изјава за Дојче Веле, смета дека убијците треба да бидат пронајдени и соодветно казнети според законот, без разлика на нивниот идентитет или етничка припадност.
Овој „трагичен инцидент, вели Ховит, може да има дестабилизирачко влијание и да доведе до ново насилство, и сега важно е политичарите и силите на редот да ја одиграат нивната улога“.
XS
SM
MD
LG