Достапни линкови

Стевковски: Убијците имаат само едно име -„Убијци“


Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје.

Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје.

Цветан Стевковски, братот на убиениот Борче од Црешево за весникот Лајм изјави дека убијците на брат му носат само едно име - „Убијци“. Според него, тие не се ниту Албанци, ниту Македонци, туку се само убијци. Во изјава за весникот Лајм, братот на убиениот Стевковски тврди дека неговото семејство секогаш имало добри односи со Албанците.
- „Имам пријатели Албанци и мојот покоен брат имаше пријатели Албанци. Ние контактираме со нив и на погребот на мојот брат дојдоа и Албанци. Имам пријатели од сите националности и омразата не преовладува кај мене. Омразата кај мене е само кон убијците, - изјавил Стевковски.
Тој е револтиран од начинот на пласирање на информациите за убиството во српските медиуми. Смета дека сакаат да предизвикаат тензија и да пропагираат етничка омрза. Рибарот Борче Стевковски, заедно со уште четирите момчиња рибари, Кире Тричковски, Цветанчо Ацевски, Филип Славковски и Александар Наќевски беше убиен во четврток пред Велигденските празници на Железарското езеро кај Смиљковци.
XS
SM
MD
LG