Достапни линкови

Тадиќ: Србија за пет години ќе стане членка на ЕУ


Српскиот претседател Борис Тадиќ изрази увереност дека неговата земја најдоцна за пет години ќе стане членка на ЕУ.
- „Очекувам Србија да започне преговори за членство во ЕУ до крајот на годинава и да ги заврши за пет години“, изјави Тадиќ.
Ваквата изјава Тадиќ ја даде на конференција за економски прашања, на која учествуваа локални бизнисмени.
Минатиот месец Србија доби кандидатски статус за членство во ЕУ, но не е определен датум за почеток на преговорите за нејзино приклучување во Унијата.
Во Србија на 6 Мај ќе бидат одржани претседателски и парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG