Достапни линкови

logo-print

Ставрески и Богов на пролетни средби на СБ и ММФ во Вашингтон


Гувернерот на Народната банка Димитар Богов

Гувернерот на Народната банка Димитар Богов

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и Гувернерот на Народната банка Димитар Богов, учествуваат на редовните пролетни средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.
Како што соопшти Министерството за финансии, предвидено е вицепремиерот Ставрески да се сретне со извршниот директор на ММФ Мено Снел, потпретседателот на Светска банка Филип Леру и директорката за Македонија Џејн Армитаџ.
Во фокусот на разговорите ќе бидат тековната и идната соработка на Македонија со двете институции.
Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На нив учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки, кои дискутираат за актуелните случувања во светската економија и на теми како намалување на сиромаштијата и потикнување на економскиот раст.
XS
SM
MD
LG