Достапни линкови

Меѓуетничките односи осцилираа, имаат подеми и падови со што се лесен плен во рацете на тие кои сакаат да ја дестабилизираат земјата. Но, граѓаните не сакаат конфликти и бараат институциите да им ја гарантираат безбедноста.

Петкратното убиство кај скопско Радишани и реакциите што тоа ги предизвика во голема мера ги нарушија меѓуетничките односи, оценуваат експертите. Може да се каже дека и претходно меѓуетничките односи осцилираа и оти има и подеми и падови кои обично се покажуваа преку изразување незaдоволство на групи или хулигани но тоа подоцна се решаваше политички меѓу коалициските партнери во владата и не излегуваше од контрола.
Мислам дека некој оценил дека меѓуетничките односи се многу кревки во Македонија и дека може лесно да ја дестабилизира државата предизвикувајќи меѓуетнички конфликт. На оваа провокација сега со убиството на пет луѓе мислам дека тоа и е намерата, јас како што гледам, да се дестабилизира Македонија.

Некои гледишта во прв план ја истакнуват евентуалната темпирана природа на инцидентите кои според нив се случуваат во клучни моменти кога државата се соочува со неуспеси во други сфери, пред се во економијата или во евроатланските интегарции. Но убиството на момчињата, во кое јавноста виде израз на бруталност и дрскост, а надлежните институции го окарактеризираа како терористички чин, ги врати сеќавањата на конфликтот од 2001- та, за што зборуваат и сомнежите кои се јавија кај луѓето за иднината на меѓусебната доверба.
Протести во Скопје по петкратнопто убиство во Смилковци.

Протести во Скопје по петкратнопто убиство во Смилковци.


По ваквиот развој на настаните, на скалата на она што ги зaгрижува граѓаните, а на која доминираа главно невработеноста и социјaлно- економските теми, меѓуетничките односи од 10 - то место, повторно станаа главна прекупација на луѓето. Дел од одговорноста тие ја гледаат во политиката на владата и бараат од институциите максимално да се ангажираат во разрешување на случајот со убиството за да не излезат работите од контрола.
Покрај на политички елити ова им одговара и на радикални струи кои се за поделба на Македонија, значи такви може да има и тука како и надвор. Одговара веројатно и на непријателски фактори и во соседните држави, Србија, Бугарија, Косово, во кои националистите сонуваат за поделба на Македонија. Најмалку одговара на САД кои сакаат стабилност на овој дел до Балканот, кои не сакаат нови конфликти кои би ја закомплицирале состојбата.

„Протести не сакам да има, но владата треба малку да се замисли за состојбата во државата.“

„Некој треба да стави прст на чело и длабоко да размисли, ова не знам кај ќе води, лошото никаде не води.“

Засега единствена видлива реакција на револт беа протестите на млади луѓе, но и тие оставија впечаток на безориентираност. Видовме слики на безидејно одмерување со недолжни граѓани и искршени прозорци на дуќани.

Кој се игра со меѓуетничкиот оган?

Експертите проценуваат дека станува збор за особено ризична безбедносна ситуација од аспект на провоцирање на меѓуетничките односи. Потребна е политичка и граѓанска зрелост, потенцира професорката Мирјана Малеска од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје.

Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје.

„Мислам дека некој оценил дека меѓуетничките односи се многу кревки во Македонија и дека може лесно да ја дестабилизира државата предизвикувајќи меѓуетнички конфликт. На оваа провокација сега со убиството на пет луѓе мислам дека тоа и е намерата, јас како што гледам, да се дестабилизира Македонија.“
Граѓаните покажуваа доволно изразена зрелост и свест, меѓутоа тие се загрижени од фактот што институциите на државата не функционираат доволно ефикасно и на некој начин се нем посматрач, а не фактор кој ќе ги спречи, ќе ги открие и ќе ги казни сторителите на ваквите дела. Би рекол дека во целост не би можел да се исклучи ни странскиот фактор, но причината пред се треба да се најде внатре.

Меѓутоа таа проценка на некои поединци дека се чувствителни односите и кревки и дека лесно може да се дестабилизира земјата и според домашните експерти не е далеку од вистината и предупредува дека и по 10 години од конфликтот во Македонија продолжуваат одвреме навреме да се појавуваат настани кои генерираат состојба на тензичност и некој го користи тоа.

Граѓаните на ниво, институциите потфрлаат

Аналитичарите главно сметаат дека зад ова во прв план стојат политички мотиви, екстремни групи и надворешни влијанија на кои не им е во интерес Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО, односно дека повеќе фактори се во игра. Ваква состојба на тензичност каква што имаме во земјава по убиството на момчињата, според Жидас Даскаловски од Центарот за Истражување и креирање политики, им одговара на многу фактори, поедици и групи. Неговите проценки се дека дома ова им одговара на сите они кои сакаат да играат национализам и популизам. Сите политички субјекти кои сметаат дека може да го контролираат тој судир во своја полза тие гледаат со очи дека тука има можност да освојат политички поени.

Во секој случај, бидејќи не може да се утврди основата на мотивот, последиците се јасни и ги оптоваруваат меѓуетничките односи кои се кршливи, деликатни поради низа настани кои претходеа во Македонија, но и на Балканот, како се уште изострените односи во Косово, разните идеи за прекројување граници и сето тоа создава дополнителни тензии, го отежнува смирувањето на односите и посветувањето на реформите политички и економски.
„Покрај на политички елити ова им одговара и на радикални струи кои се за поделба на Македонија, значи такви може да има и тука како и надвор. Одговара веројатно и на непријателски фактори и во соседните држави, Србија, Бугарија, Косово, во кои националистите сонуваат за поделба на Македонија. Најмалку одговара на САД кои сакаат стабилност на овој дел до Балканот, кои не сакаат нови конфликти кои би ја закомплицирале состојбата“, наведува Даскаловски.

Дел од јавноста смета дека причините за тензиите произлегуваат и од начинот на кој функционира владата.

Според политичкиот аналитичар и поранешен пратеник Насер Зибери политиката што ја води владата се гради врз платформа што генерира тензија и нервоза во едно мултиетничко општество. Убиството според него доаѓа како кулминација на настани кои претходеле и кои се причина луѓето да бидат загрижени како ќе се одвива ситуацијата натаму и кои може да влијаат негативно врз меѓуетничките односи кои, според него, се клучен фактор за стабилноста на земјата.
Премиерот Никола Груевски на состанок во МВР во врска со истрагата за петкратното убиство.

Премиерот Никола Груевски на состанок во МВР во врска со истрагата за петкратното убиство.


Ако зборуваме за поголеми групи или за некои конспирации на кои деновиве сме сведоци на социјалните мрежи, а за жал и некои медиуми излагаа со неодговорни ставови, тие се за мене шпекулативни. Така да, не знам од соседството на кого би му евентуално одговарало кај нас да има тензии.
„Вевчанскиот карневал, убиството на двајца млади луѓе во Гостивар, тоа што се случуваше во автобусите на ЈСП кога маскирани лица влегуваа и тепаа деца, уценици, и тн. А како кулминација на сето тоа убиството на петте исто така млади луѓе во Скопје, се доволна причина луѓето да бидат загрижени да тоа како ќе се одвива ситуацијата понатака. Граѓаните покажуваа доволно изразена зрелост и свест, меѓутоа тие се загрижени од фактот што институциите на државата не функционираат доволно ефикасно и на некој начин се нем посматрач, а не фактор кој ќе ги спречи, ќе ги открие и ќе ги казни сторителите на ваквите дела. Би рекол дека во целост не би можел да се исклучи ни странскиот фактор, но причината пред се треба да се најде внатре, ние самите треба да изградиме такви односи кои продуцираат стабилност.“

Некои претпоставки одат во насока на тоа дека последните настани се резултат на надворешни служби кои не сакаат стабилна Македонија, но и пошироко стабилен Балкан.
Претседателот Ѓорѓе Иванов во посета на Старата Чаршија.

Претседателот Ѓорѓе Иванов во посета на Старата Чаршија.


Националните теми исплатлива инвестиција

Некој треба да стави прст на чело и длабоко да размисли, ова не знам кај ќе води, лошото никаде не води.
Според некои размислувања, мотивите за последните настани можно е да се политички и тоа покажува дека има структури на кои им е во интерес да се дестабилизира Македонија пред самиотот на НАТО во мај, дома и надвор. Ова меѓу другото покажува дека има се уште остатоци од екстремни групации кои останале по конфликтот и одвреме навреме дејствуваат со цел да ја дестабилизираат државата.

„Во секој случај, бидејќи не може да се утврди основата на мотивот, последиците се јасни и ги оптоваруваат меѓуетничките односи кои се кршливи, деликатни поради низа настани кои претходеа во Македонија, но и на Балканот, како се уште изострените односи во Косово, разните идеи за прекројување граници и сето тоа создава дополнителни тензии, го отежнува смирувањето на односите и посветувањето на реформите политички и економски“, вели професор Владо Поповски.

Според политичкиот аналитичар Алберт Муслиу тешко може да се идентификуваат групи на кои им е во интерес да останат затегнати меѓуетничките односи. Секогаш има интересни на кои им одговараат конфликтни ситуации но за среќа тие се мали, вели Муслиу.

„Ако зборуваме за поголеми групи или за некои конспирации на кои деновиве сме сведоци на социјалните мрежи, а за жал и некои медиуми излагаа со неодговорни ставови, тие се за мене шпекулативни. Така да, не знам од соседството на кого би му евентуално одговарало кај нас да има тензии.“

Да потсетиме дека пред неколку месеци меѓунационалните односи во голема мера ги возбудија настаните во Струга, симнувањето и палењето на државното знаме, пожарите во неколку цркви по карневалот во Вевчани каде маските дел од исламската верска заедница ги сфати како исмејување, како и користењето говор на навреда на натреварот на ракометната репрезентација во Србија. Минатата година тензии имаше поради намерата за изградба на верски објекти. Оваа година актуелна е идеата за изградба на плоштадот на Скендербег како противтежа на проектот –Скопје 2014-та. Но како показател колку е кохезивна владата на коалициските партнери е и пописот на населението и неговото одложување.

Жидас Даскаловски доаѓа до заклучок дека всушност меѓуетничките односи и тензиите секогаш се некаде под површината и под тепих поради тоа што во регионот многу прашања остануваат и натаму не докрај дефинирани - иако регионалниот контекст е поповолен од пред неколку години, по осамостојуавњето на Косово.

Соживотот е долгогодишна традиција

Последните инциденти, палењата на македонското знаме, користењето на навреда на натпревари, надополнето со закачки и тепачки по училишта и во автобуси зборуваат дека дежурна задача на мултиетничко општество е градење доверба. Експертите нагласуваат дека имаме коалициски влади и оти фокусот не треба да биде главно на тоа како ќе се поделат местата по институциите туку како ќе се изгради поголема доверба меѓу луѓето. Според некои согледувања институциите не покажале доволна фокусираност да може да се држат меѓуетничките односи доволно врамнотежени. Жидас Даскаловски мисли дека тоа треба да се направи час поскоро и оти не е соживот само вработувањето по институции.

„Политиката на раздвоеност преовладува, и едните и другите тоа го прават, тука значи зборуваме за елити политички и едните и другите ги раздвојуваат граѓаните на свои и на тие другите, така што очекувано е кога наместо да се нормализираат односите после конфликтот во 2001, а тоа не се правеше, очекувано е да има голема дистанца меѓу едните и другите. И мало жарче може да ги запали тие односи бидејќи гледаме дека и институциите на некој начин се поделени на етничка основа и не функционираат најдобро во справување со тие горливи прашања за Македонија.“

Професор Мирјана Малевска потенцира дека националните теми и натаму се користат како најисплатлива инвестиција за придобивање гласачи и оти тоа е една од поважните причини зошто не сме стабилно општество. Она што може да се каже е дека во овие 10 до 20 години не сме изградиле доволно високо ниво на доверба меѓу етничките заедници. Конфликтот што се случи беше пред 10 години Охридскиот договор донесе нова реалност и овозможи мир, а конфликтот однесе човечки жртви. Сепак излезе дека за некои партии од албанскиот блок и постојниот договор не е релевантен и излегуваат со барања за нов договор. Не може да се остава да се кажува секој што сака туку коалициските партнери да работат на превенирање на конфликти препорачува Малевска.

„Зошто сега нов Рамковен договор?, кога ние ни овој не успеавме да го спроведеме до крај, има се уште работи кои се во тек. Секој може да сака се, но работата е во тоа што во ваков тип на држава треба да се согласат малцинството и мнозинството, да постигнат договор. Ниту едните можат до крај да блокираат, ниту другите да одат во екстремни барања. Треба коалиционите партнери да седнат и да разгледаат што понатаму. Владата треба да мисли како да ги реши овие отворени прашања со Грција, со пристапување во НАТО и во ЕУ и да се сконцентрира на она што е добробит за сите граѓани без разлика на етничката припадност.“

Но покрај осцилациите во односите исто така може да се каже дека граѓаните во мешаните средини знаат меѓусебните односи да не ги загрозуваат. Свесно се остава за провокативните теми да не се разговара и истите им се остваат на компетентните. Традицијата во соживотот се манифестира преку различни примери. Експертите оценуваат дека и споредбите со земјите каде односите меѓу различните етникуми ескалираат не соодветствуваат со подалечната историја на Македонија за што зборуваат повеќе примери како што е крушевскиот манифест кој повикува на заедништво. Заедничкото минато го покажуваат и поновите спомен обележја со кои државата им одава почит на албански дејци. Деновиве актуелен е судскиот процес за трагедијата од минатата година кога средношколец Албанец во одбрана на својот македонски пријател го загуби сопствениот живот во толпа на средношколци и хулаигани. Но ова не значи дека сите овие проблематични настани што ни се случуваат со закачки и тепачки и ако продолжат и ако последователно ни се случуваат може да создат и поинаква историја и да ги избришат мостовите. Проценките на експертите се дека последните случувња носат потенцијал на огромен ризик по иднината на меѓуетничките односи.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG