Достапни линкови

ЕУЛЕКС ги засили патролите на северот на Косово


ЕУЛЕКС денеска соопшти дека го интензивирал присуството на северот на Косово поради зголемените тензии во текот на изминатите недели. Се прецизира дека полицијата на ЕУЛЕКС ги зголемила мобилните патроли во селата околу Митровица. Претходно и КФОР соопшти дека ги зголеми патролите во тој дел на Косово. Деновиве српскиот министер за Косово Горан Богдановиќ ги повика меѓународните сили да ги разоружаат албанските екстремисти на северот на Косово чии снимки биле прикажани на интеренет.
XS
SM
MD
LG