Достапни линкови

Во Сирија убиени 10 полицајци


Во експлозија на бомба во јужниот дел на Сирија загинале 10 полицајци, јави денеска сиријската државна телевизија. Во веста се наведува дека тоа било дело на вооружени терористи кои поставиле експлозив на патот. До најновите судири доаѓа во моментот кога во Дамаск престојува екипа посматрачи кои го надгледуваат примирјето што стапи во сила на 12 овој месец по усвојувањето на мировниот план на специјалниот пратеник Кофи Анан.
XS
SM
MD
LG