Достапни линкови

Вооружени групи на северот на Косово, има, нема?


Министерот за Косово во српската влада, Горан Богдановиќ, побарал состанок со командантот на КФОР Ерхард Древс и со шефот на ЕУЛЕКС, со цел да бидат разгледани информациите во врска со посоењето вооружени групи на северот на Косово. Косовската и телевизија Мост од Звечани емитуваа снимки на вооружени лица. Богдановиќ оценил дека со вооружените групи Приштина настојува насилно да го стави под контрола северниот дел на Косово. КФОР соопшти дека моментално нема индиции дека такви групи постојат.
XS
SM
MD
LG