Достапни линкови

МВР ја продолжува истрагата, соседните странски служби не помагаат


МВР и натаму интензивно работи на расчистување на петкратното убиство што се случи кај село Смиљковци и во континуитет излегуваат нови докази, од јавувања на граѓани, снимки од камери,... кои мораат сериозно да се анализираат, јави МИА. Според прелиминарните видувања, брифираат од полицијата, станува збор за најмалку три лица извршители на убиството, но сепак, се уште сите сценарија се во опција. По извршената реконструкција, е утврдено дека грозоморното убиство е извршено многу брзо од пет до десет минути, нешто пред 20 часот. Од МВР посочуват дека се знае целата историја на возилото „опел омега“ пронајдено во близина на местото на настанот, како и за „мерцедесот“ од кој биле украдени регистарските таблици кои биле ставени на „опелот.
Во врска со помошта која е понудена од странските разузнвачки служби, пред се од соседството, засега се се сведува само на декларативна, а изостанува конкретна помош.
XS
SM
MD
LG