Достапни линкови

Во Казахстан претепан новинар


Лукпан Ахмедијаров, 19.04.2012.

Лукпан Ахмедијаров, 19.04.2012.

Дописникот на весникот ,,Уралска недела,, Лукпан Ахмедијаров е во критична состојба откако пред неговиот дом бил нападнат од неколкумина напаѓачи. Се наведува дека тој бил претпеан и прободен со нож. Вработени во весникот велат дека тој и неговото семејство во изминативе недели добивале закани. Ахмедијаров бил организатор на многубројни демонстрации и имал критички осврти против полицијската акција кога во минатиот декември во Жанаозен биле убиени најмалку 16 демонстранти. Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк ги повика властите во Казахстан да го истражат нападот врз Ахмедијаров.
XS
SM
MD
LG