Достапни линкови

Расмусен бара од Русија и Кина финансирање на авганистанските сили


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен побара од Русија и Кина да помогнат во финансирањето на авганистанската безбедност по 2014 година кога меѓународните сили треба да ја напуштат таа земја. Тој ова го изјави на прес конференцијата во Брисел по состанокот со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој, како што јавуваат агенциите, не одговорил на ова барање. Расмусен соопшти дека Русија понудила нова транзитна рута за снабдување на војниците во мисијата ИСАФ во Авганистан.
XS
SM
MD
LG