Достапни линкови

logo-print

Груевски: максимални напори за апсење на убијците од Смиљковци


Никола Груевски

Никола Груевски

,,Сакам да ве уверам дека органите за внатрешни работи прават максимални напори за откривање на убијците на петтемина млади луѓе и нивно изнесување пред лицето на правдата,, изјави премиерот Никола Груевски на трибината на ВМРО ДПМНЕ во општина Аеродором. Тој порача да не се подлегнува на атмосфера која некој друг сака да ја создаде и побара да не се прогласуваат за виновни цели етникуми. ,,Ако убијците се Македонци не може да се виновни сите Македонци, а ако се Албанци не значи дека се виновни сите Албанци. Тоа го посакуваат тие што не и сакаат добро на Македонија. Треба да одговара тој што го сторил тоа,, изјави Груевски кој на трибината се осврна и на прашањето за името. ,,Ќе продолжиме да бараме решение и пред и по Чикаго. Нашите цели остануваат членство во НАТО и ЕУ, но истовремено мора да водиме сметка каков компромис ќе се постигне. Конечниот збор за прашањето за името, повтори Груевски, ќе го имаат граѓаните на референдум.
XS
SM
MD
LG