Достапни линкови

Маргинализираните групи и натаму на маргините


Промоција на извештај за сексуални и здраствени права на маргинализирани заедници за 2011. Славчо Димитров, Ирена Цветковиќ.

Промоција на извештај за сексуални и здраствени права на маргинализирани заедници за 2011. Славчо Димитров, Ирена Цветковиќ.

Законите не се почитуваат, маргинализираните групи и понатаму се дискриминираат се наведува во Годишниот извештај на Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

Незаживеани закони, дискриминација на маргинализираните групи, нетранспарентност на институции, хомофобични учебници, манипулација со директивите на ЕУ за родова еднаквост, неправична правичност. Ова се само дел од забелешките нотирани во Годишниот извештај за сексуалните и здраствените права на маргинилизираните заедници во 2011-та година, кој го изработи Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
И во 2011 година продолжи негативнито тренд во врска со правата на ЛГБТ лицата. Македонија се најде на дното од листата европски земји во однос на почитувањето на еднаквоста кон ЛГБТ-луѓето. Иако Македонија нема проблем со „Сексуална ориентација и родов идентитет“ во ОН, тие проблеми се јавуваат секогаш кога ќе треба да се донесе регулатива или конкретни стратегии за заштита.

Напредокот на една земја се согледува во тоа колку таа ги почитува правата пред се на маргинилизираните заедници, за жал во Македонија се уште се соочуваме со непризнавање на тие права, вели Жарко Трајановски, автор на извештајот и активист за човекови права.

„И во 2011 година продолжи негативнито тренд во врска со правата на ЛГБТ лицата. Македонија се најде на дното од листата европски земји во однос на почитувањето на еднаквоста кон ЛГБТ-луѓето. Иако Македонија нема проблем со „Сексуална ориентација и родов идентитет“ во ОН, тие проблеми се јавуваат секогаш кога ќе треба да се донесе регулатива или конкретни стратегии за заштита.“

Дискриминаторскиот однос на властите кон маргинализираните групи е видлив и во предложената „Национална стратегија за еднаквост и недискриминација“, која е фокусирана само на четири основи: етничка припадност, возраст, ментална и телесна попреченост и пол, вели Трајaновски.
За жал речиси сите медиумите овој случај го преставија сензационалиситички, при што ја привилигираат полициската верзија на случајот, а го маргинализираа или воопшто не го нотираа насилството врз сексуалните работнички.

Во извештајот се нотираат неколку проблеми како тоа дека Министерството за здравство не ги надминало бариерите за отворање нови центри онаму каде што зависниците од дрога се принудени да патуваат големи растојанија за да земат терапија. Потоа за случаите кога во затворите имаше неколку смртни случаи на зависници од дрога, како и за проблемот со децата зависници од дрога на возраст под 16 години, кои честопати изложени на дискриминација од здравствените служби поради што се лекуваат во несоодветни здравствени установи или воопшто не се лекуваат.

Понатаму се наведува дека сексуалните работници се третираат како криминалци, дури и тогаш кога тие ќе се охрабрат да пријават насилство во полиција. Лицата што живеат со ХИВ продолжуваат да се соочуваат со административни и правни бариери при остварувањето на правото на континуирана и адекватна медицинска терапија. Особено загрижува владиното кратење на буџетски средства за превенција на ХИВ со што се доведе во прашање успешното спроведување на програмите за превенција од ХИВ на припадниците на маргинализираните групи“, вели Славчо Димитров од Коалицијата „Сексуални и здравствена права на маргинализираните заедници.“

„Конкретно за намалување на сретствата за 1.800 доброволни тестирања за количеството на вирус во крвта во Клиника за гинекологија и акушерство, а половично беа скратени и сретствата за локална кампања за превенција од ХИВ и Сида.“

Неговата колешка Ирена Цветковиќ пак се осврна на тоа како известуваат медиумите за темите кои се поврзани со маргинилизираните заедници. Како пример таа посочи како медиумите известувале за насилството врз сексуални работнички во нивниот стан. Тие пријавиле дека биле нападната од маскирани лица, но наместо како жртви, полицијата ги третирала како криминалци.

„За жал речиси сите медиумите овој случај го преставија сензационалиситички, при што ја привилигираат полициската верзија на случајот, а го маргинализираа или воопшто не го нотираа насилството врз сексуалните работнички.“
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG