Достапни линкови

Груевски-нема нормална комуникација со Грција за името


Премиерот Никола Груевски одговарајќи на прашање на пратеникот Тито Петковски за тоа дали има подготвеност за единствен државнички став пред Самитот во Чикаго изјави дека владата сака да дојде до решение за името. Но според него, тоа треба да биде донесено со компромис и не може да биде диктат со кој што ќе се менува идентитетот. Грувески рече дека владата сака решение кое ќе биде прифатливо за мнозинството граѓани на Македонија.
Тој додаде дека не можат да воспостават нормална комуникација со Грција, поради проблемите на земјата, кои ги користат како алиби.
XS
SM
MD
LG