Достапни линкови

logo-print

Пратенички прашања за МВР и петкратното убиство кај Смиљковци


Архивска фотографија: Собраниска седница.

Архивска фотографија: Собраниска седница.

Опозицијата ја обвини власта дека е виновна за нарушување на безбедноста и побара разрешување на министерката Јанкулоска.

Петкратното убиство кај Смиљковци, акцијата „Детонатор“, како и одговорноста на МВР, се едни од главните теми на првиот дел од денешната седница за пратенички прашања. Пратениците од опозицијата обвинуваат дека МВР е одговорно за нарушување на безбедноста во државата.
Пред една недела се случи петкратно свирепо убиство, масакр. Прошетајте малце помеѓу луѓето, во страв се, во несигурност се, не знаат што се случува, никој не им ги дава одговорите.[...] Како се појавивте за 20 минути во Свети Димитрија да ги гледате фреските, а во Радишни седум дена не можете да отидете.

Пратеникот Игор Ивановски од опозицискиот СДСМ праша дали премиерот Никола Груевски планира да ја разреши министерката за внатрешни работи, на што премиерот одговори дека нема да побара смена на Јанкулоска и сегашната структура во МВР.

„Пред една недела се случи петкратно свирепо убиство, масакр. Прошетајте малце помеѓу луѓето, во страв се, во несигурност се, не знаат што се случува, никој не им ги дава одговорите. Никој не им ги дава одговорите. Ако сте толку убедени во ова што го говорите, зошто не отидовте во Радишани кај луѓето кога ве бараа? Како се појавивте за 20 минути во Свети Димитрија да ги гледате фреските, а во Радишни седум дена не можете да отидете, ако сте толку убедени, ако сте толку уверени дека МВР си ја врши работата“. рече Ивановски.
Вие можете да наоѓате маани, можете да наоѓате слабости, грешки, меѓутоа не можете да одрекнете дека професионалноста во МВР е неспоредлива, ако кажам десет пати поголема мислам дека тоа би било помало од она што беше во времето на СДСМ.

Груевски рече дека опозицијата се обидува да спечали политички поени на големата трагедија и изрази длабоко уверување дека полицијата ќе ги најде сторителите и ќе ги изведе пред лицето на правдата.

„Вие можете да наоѓате маани, можете да наоѓате слабости, грешки, меѓутоа не можете да одрекнете дека професионалноста во МВР е неспоредлива, ако кажам десет пати поголема мислам дека тоа би било помало од она што беше во времето на СДСМ.“

Пратеникот Сафет Бишевац рече МВР и дава информации „на лажичка“ на јавноста и го обвини премиерот Никола Груевски дека ја довел земјата во ваква состојба и праша кога ќе ја разреши министерката Јанкулоска.

Наместо премиерот, одговор даде министерката Јанкулоска, која го обвини Бишевац дека манупилира со јавноста и дека ја потпалува ситуацијата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG