Достапни линкови

logo-print

Расмусен-ракетниот одбранбен штит не е закана за Русија


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска повтори дека планот на Алијансата за изградба на ракетен одбранбен штит во Европа нема да претставува закана за Русија. Расмусен ја даде изјавата за време на средбата меѓу министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО и американскиот државен секретар Хилари Клинтон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според Расмусен, ракетниот одбранбен штит не е дизајниран да ја поткопа стратешката позиција на Русија. Но, Русија стравува дека штитот ќе ги неутрализира нејзините нуклеарни заплашувања.
XS
SM
MD
LG