Достапни линкови

Попоски оствари средба со неговиот канадски колега


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на маргините на состанокот на Северно-атланскиот совет во Брисел, синоќа имаше средба со канадскиот колега Џон Бард. Според соопштението на МНР, на средбата биле нагласени одличните односи меѓу Македонија и Канада, како и заложбата тие и натаму да се развиваат во позитивна насока.
Бард ја нагласил поддршката на Канада за што побрз влез на Македонија во НАТО. Во тој контекст, се заложил за координација со останатите земји поддржувачи на Македонија за полноправно членство во Алијансата со цел изнаоѓање на брзо решение.
XS
SM
MD
LG