Достапни линкови

Започна новото судење против Тимошенко


Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко

Во Украина денеска започна првото рочиште во новото судење против поранешниот премиер Јулија Тимошенко, која веќе отслужува седумгодишната затворска казна. Тимошенко, која го негира обвинувањето, одби да присуствува на отворањето на расправата, поради лошата здравствена состојба. Нејзиното семејство и адвокатите велат дека таа страда од болки во грбот со месеци.
Тимошенко е обвинета за даночно затајување и обид за кражба во врска со нејзините активности како шеф на еден од главните компании за плин во 1990-тите. Илјадници нејзини приврзаници и противници се собраа пред судот. Тимошенко беше осудена во октомври за злоупотреба на функцијата.
XS
SM
MD
LG