Достапни линкови

logo-print

Црна Гора - новинар во затвор за клевета


Петар Комнениќ

Петар Комнениќ

Основниот Суд во Подгорица нареди уредникот на „ТВ Вијести“ и дописник на Радио Слободна Европа и на Ројтерс, Петар Комнениќ да одлежи 4 месеци затвор за клевета. Комнениќ кој пишуваше дека властите во Црна Гора ставиле голем број судии под незаконско прислушкување, беше осуден во февруари 2011 година да плати парична казна или да служи четири месеци во затвор. Тој одби да плати паричната казна и се жалеше до повисока судска инстанца, која пак пресуди дека наместо затворска казна треба да „отслужи добротворна работа“. Но, Судот во Подгорица вчера ја повтори претходната пресуда. Европската унија изрази загриженост во врска со случајот.
XS
SM
MD
LG