Достапни линкови

Бомбашки напади во Багдад и други градови во Ирак


Iraq -- People remove the damage following a blast in central Baghdad, 19Apr2012

Iraq -- People remove the damage following a blast in central Baghdad, 19Apr2012

Серија од 10 бомбашки напади, како што јавуваат агенциите го погодиле Багдад и други градови во Ирак. Се уште не се знае точната бројка на жртвите, но агенциите јавуваат за 20 до 35 луѓе и 100 тина повредени.
Најголемиот напад се случил во Кикркук, каде што при експлозија на два автомобили бомби, загинале најмалку 4 лица, а 24 се повредени. Според извори на ирачката полиција, 17 лица загинале во 5 напади во Багдад и околината. Цел на нападите биле силите за безбедност.
Истовремено се јавува и за напади во Бакуба, Самара, Тамија, Таџи, Рамади и Малха. Етничките тензии во последните месеци се кренаа во земјата поради кризата на коалиционата влада на шиитите, сунитите и курдите.
XS
SM
MD
LG