Достапни линкови

Раката што дава на партијата не се суши


Само Љубе Бошкоски „падна“ за нелегално финансирање на кампањата.
Само Љубе Бошкоски „падна“ за нелегално финансирање на кампањата.

Државни фунцкионери со по ијлада евра ја финансирале владејачката ВМРО-ДПМНЕ минатата година. Антикорупционерите се сомневаат дека тое е инвестирање во привилегии што ги очекуваат од власта.

Директор на Централен регистар, на студентски центар, директори на општи болници, јавни претпријатија и нивни претходници, раководители во државен пазарен инспректорат, Фонд за здравство и Министерство за внатрешни работи, пратеници, советници во општини и луѓе кои до неодамна имаа по две функции. Ова се дел од тристате донатори на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ кои се заведени во годишниот извештај за финансирање на партијата за 2011 година што го објави Државниот завод за ревизија.
Тоа на некој начин упатува дека таква донација не е прашање на доброволен чин туку е, еве да кажам на пример, извесен налог или стратегија. Ако е донација, тоа е субјективен однос и секој дава онолку колку што смета дека треба да даде, а не колку некој кажал или на некој начин е присилен или ако даде толку ја исполнил партиската задача, ако даде под таа цена или помалку не ги исполнил очекувањата на партијата е дефинитивно спротивно на законот.
Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.

Поголем дел од нив во партијата донирале по илјада евра. Во извештајот за финансирање на партијата за време на изборите, пак, се заведени вкупно 530 луѓе кои донирале по точно илјада евра. Партијата во годишниот извештај наведува дека од септември до крајот на минатата годината нема добиено нови донации.

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски смета дека на прв поглед ваквата појава не е проблематична, но сомнителни се причините зошто раководители во институции се финансиери.

„Дали таквото финансирање на некој начин е извесно вложување, односно таквите донации претставуваат извесно вложување во некоја погодност што треба да ја уживаат од партијата, во смисла на продолжување на извршување функција или напредување на функција што е дефинитивно проблематично и се коси со духот на законот за финансирање на политички партии.“
Посебно раководните луѓе во тие институции и се додворуваат на власта, тоа е да речеме кај луѓето, не ја сакаат независноста, односно ја сакаат независноста само во трошење на парите, а ако треба да постапуваат независно од власта, тогаш тука има задршка.
Ариф Муса, поранешен антикорупционер.

Тој додава дека државната комисија треба да ги испита околностите под кои определени донации се реализираат, односно дали тоа е од љубов кон партијата или некакво одолжување за некои погодности што донаторот ги ужива. Малиновски смета дека дополнително загрижува фактот дека се донира унифициран износ во партијата.

„Тоа на некој начин упатува дека таква донација не е прашање на доброволен чин туку е, еве да кажам на пример, извесен налог или стратегија. Ако е донација, тоа е субјективен однос и секој дава онолку колку што смета дека треба да даде, а не колку некој кажал или на некој начин е присилен или ако даде толку ја исполнил партиската задача, ако даде под таа цена или помалку не ги исполнил очекувањата на партијата е дефинитивно спротивно на законот.“

Дел од донаторите на коалициониот владин партнер ДУИ и опозициската ДПА се лидерите и пратенците. Лидерот на ДУИ Али Ахмети донирал во својата партија 50 илјади денари, поранешниот министер Неџати Јакупи дал 5 илјади евра, а пратениците Талат Џафери, Дешира Имери и нивните сопартијци донирале за изборната кампања на ДУИ од 80 до 220 илјади денари. Во опозициската ДПА, пак, лидерот Мендух Тачи и неговите сопартијци донирале по илјада евра.

СДСМ во извештајот наведе дека за време на изборите главна донација во партијата е кредитот од банка од 470 илјади евра, потоа попустите за рекламирање во А1 телевизија и слични договори со Плус продукција и неколку приватни лица кои донирале од 3 до 300 илјади денари.

Партиите за време на изборите постојано се обвинуваа меѓусебно за нелегално финансирање. Антикорупциската излезе и со иницијатива за кривично гонење на СДСМ за неправилностите во извештаите, додека кај владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ забележале дека има разлика од 3,3 милиони евра меѓу расходите и приходите. Но државниот ревизор не забележал поголеми пропусти.

Директорката на Државниот завод за ревизија во интервју за Дневник посочува дека се забележани системски слабости кои им овозможуват на партиите да презентираат таканаречени „чисти“ извештаи, затоа што, како што вели, нема прекршување на законот кога од друга страна има недоречености.

Поранешниот анатикорупционер Ариф Муса вели дека тоа што институциите не се ангажираат сериозно да ги разрешат сомнежите околу финансирањето е проблем кој лежи во раководителите на надлежните институции.

„Посебно раководните луѓе во тие институции и се додворуваат на власта, тоа е да речеме кај луѓето, не ја сакаат независноста, односно ја сакаат независноста само во трошење на парите, а ако треба да постапуваат независно од власта, тогаш тука има задршка.“

Тој не се согласува дека има пропусти и недоречености во легислативата, туку дека така им е полесно на институциите, вината да ја префрлат на друга институција или на легислативата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG