Достапни линкови

Индија: Задоволство од лансирањето на ракетата Агни 5


India -- A surface-to-surface Agni V missile is launched from the Wheeler Island off the eastern state of Odisha, 19Apr2012

India -- A surface-to-surface Agni V missile is launched from the Wheeler Island off the eastern state of Odisha, 19Apr2012

Индиските власти сооопштија дека е успешно лансирана ракета со долг дострел која може да носи нуклеарна боева глава. Ракетата беше лансирана утрово од островот Вилер во близина на источниот брег на Индија.
Премиерот Манмохан Синг го поздрави ова достигнување како голем поттик во напорите на земјата да се спротивстави на регионалната доминација на Кина. Ракетата Агни 5 има дострел од 5 илјади километри.
Аналитичарите велат дека само постојани членки на Советот за безбедност - Кина, Франција, Русија САД и Велика Британија - заедно со Израел имаат такви оружја со долг дострел.
XS
SM
MD
LG