Достапни линкови

Брисел: состанок на Советот на НАТО, учествува и Попоски


NATO Secretary General Anders Fogh Rasmussen

NATO Secretary General Anders Fogh Rasmussen

Денеска во Брисел ќе биде одржан состанокот на Советот на НАТО посветен на мисијата ИСАФ во Авганистан. Министрите ќе разменат мислења за улогата на НАТО во последната фаза од транзицијата и пост-транзиција во Авганистан, особено во контекст на новиот стратегиски план на Алијансата за Авганистан и активностите по завршувањето на мисијата ИСАФ.
На состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата и на земјите-контрибутори во мисијата ИСАФ ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Попоски. Како што соопшти МНР, на маргините на состанокот предвидени се средби на Попоски со министрите за надворешни на Канада, на Грција и на Полска.
XS
SM
MD
LG