Достапни линкови

Хашим Тачи со порака за меѓуетничка толеранција во Македонија


Косовскиот премиер Хашим Тачи, упатил апел до граѓаните на Македонија за мудрост, зрелот и меѓуграѓанска толеранција. Тој побарал од македонските граѓани да не потпаѓаат под провокации на оние луѓе кои не и посакуваат добро на државата, туку посакуваат дестабилизација на Македонија и целиот регион.

- „Мојата порака за сите граѓани на Македонија е за мир, стабилност, за соработка и под никакви услови да не дозволи политиката да биде жртва на поединци, групи или структури кои сакаат дестабилизација на Македонија и на целиот регион. Значи, посветеноста на Владата на Република Косово и мојата лична посветеност е во служба на мирот, на доброто разбирање, намалување на етничките тензии“,

изјавил Тачи. Како што јавија косовските медиуми според Тачи, се додека не проговори правдата, никој и никаде, при ни еден индицент, нема право да се изразува или претендира и да дава политички или етнички конотации.
XS
SM
MD
LG