Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Ирак


Arhiva

Arhiva

Серија смртоносни бомбашки напади, како што јавуваат агенциите го погодиле Багдад и други градови во Ирак. Се јавува дека најмалку три координирани бомбашки напади се случиле во главниот град, при што загинале најмалку 6, а биле ранети 20 тина лица. Цел на нападите биле силите за безбедност.
Напади имало и во Кикркук, каде што при експлозија на два автомобили бомби, загинале најмалку 4 лица. Истовремено се јавува и за напади во Бакуба и Самара.
Сепак, се јавува дека генерално насилството е намалено во Ирак од времето на верските насилства во 2006 и 2007. Етничките тензии во последните месеци се кренаа во земјата поради кризата на коалиционата влада на шиитите, сунитите и курдите.
XS
SM
MD
LG