Достапни линкови

Русија и НАТО на разговори за ракетен одбранбен штит


Русија и НАТО денеска ќе разговараат за плановите на Алијансата да се изгради ракетен одбранбен штит во Европа, во седиштето на НАТО во Брисел. На разговорите што ќе се одржи во рамките на Советот НАТО-Русија ќе учествуваат рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Хилари Клинтон. НАТО вели дека ракетниот штит ќе ја штити Европа од ракети истрелани од непријателските народи, имено Иран. Но, Русија стравува дека штитот ќе ги неутрализира нејзините нуклеарни заплашувања. Во средата, НАТО министрите разговараа како да се финансираат безбедносните сили во Авганистан и кога НАТО да го заврши предвиденото повлекување од земјата во 2014 година.
XS
SM
MD
LG