Достапни линкови

Попоски се сретна со раководителот за Македонија во ЕК


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Скопје се сретна со Дејвид Кален, раководител на Одделот за Македонија во Генералниот директорат за проширување при Европската комисија. МНР соопшти дека на средбата станало збор за претстојните активности во рамките на пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и Европската унија.
Попоски информирал дека владата наскоро ќе го усвои Оперативниот патоказ за спроведување на реформите во приоритетни области. Следната сесија на Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската комисија, ќе се одржи на 7 мај.
XS
SM
MD
LG