Достапни линкови

Уапсена група на милитанти во Азербеџан


Азербеџанското министерство за национална безбедност соопшти дека безбедносните сили уапсиле група на милитанти кои се поврзани со Ал Каеда. Според нив, милитантите планирале да спроведат серија терористички напади во земјата. Припадниците на групата студирале во исламски училишта во Сирија и имале воена обука во Пакистан и Иран.
Властите не информираа колку лица биле точно уапсени.
XS
SM
MD
LG