Достапни линкови

ОБСЕ ги поздрави преговорите меѓу Молдавија и Придњестровие


ОБСЕ го поздрави исходот од последната рунда преговори меѓу Молдавија и отцепениот регион Придњестровие. Разговорите завршија денеска во Виена со договор за принципите и процедурата за натмошните преговори. На средбата освен шефовите на двата преговарачки тима, беа присутни и меѓународните медијатори од ОБСЕ, Русија, Украина, како и ЕУ и САД.
Според ОБСЕ, новата рунда на разговори ќе се одржи во Виена во јули.
XS
SM
MD
LG