Достапни линкови

Јубилеен Скопски филмски фестивал


Скопски филмски фестивал 2012, постер
Скопски филмски фестивал 2012, постер

Со проекцијата на „Вознемирен“ на американскиот режисер Гас ван Сант, вечер (19.04.2012) во киното Милениум во Скопје, ќе започне 15-то јубилејно издание на Скопски филмски фестивал.

Контроверзната сторија за младата болна девојка вљубена во момче фасцинирано од погреби – необичниот философски филм на Гас ван Сант, британскиот „Мораме да разговараме за Кевин“ на Лин Ремзи, „Дневникот на опивање“ со Џони Дип на Брус Робинсон, „Џејн Ејр“ - најновата верзија на еден од најфилмуваните
Ќе имаме премиера на македонски филм, два македонски филма се во подготовка за снимање и имаме 15 години од Скопје филм фестивал во еден град во којшто кината полека и полека ги снемува.
Иво Антов, уметнички директор на Скопски филмски фестивал.

класични романи од 19 век на Шарлота Бронте што ја потпишува режисерот Кери Фукунага, биографската драма на Клинт Иствуд за челникот на ФБИ – Едгар Хувер, акциската-епска приказна „Харакири: Смртта на самурајот“ на култниот јапонски автор Такаши Миике, „Мартовски иди“ на Џорџ Клуни, „Триша“ на Мајкл Винтерботом, „Жучко: Приказна за Радивој Корач“ на Гордан Матиќ...се само некои од филмовите што ќе бидат
Прес конференција за Скопски филмски фестивал.
Прес конференција за Скопски филмски фестивал.
прикажани во рамките на главната програма, селекцијата на авторски филм и гала премиерите на претстојниот јубилејен 15 Скопски филмски фестивал.
Убаво е тоа што ние помлади можеме да се собереме и да почнеме да работиме заедно на еден филм и уште поубаво е да можеме да носиме, млада, свежа публика и секако да оставиме еден впечаток дека македонската филм може да расте и само да гради на таа традиција.
Ана Јорданова, продуцентка.

„Ќе имаме премиера на македонски филм, два македонски филма се во подготовка за снимање и имаме 15 години од Скопје филм фестивал во еден град во којшто кината полека и полека ги снемува“, вели Иво Антов, уметничкиот директор на Скопски филмски фестивал.

Од документарните филмови за издвојување се „Живеејќи во материјален свет“ филмот на Мартин Скорсезе посветен на легендарниот член на БИТЛСИ - Џорџ Харисон, филмот на Метју Ејкирс за ликот и творештвото на уметницата Марина Абрамовиќ кој беше награден од публиката на фестивалот во Берлин и јапонско-британската копродукција за делувањето на составот КЕМИКАЛ БРАДЕРС.

Згора на тоа во Кинотеката на Македонија паралелно ќе се случува и ретроспективата на класиците на Андреј Тарковски, во соработска со Амбасадата на кралството Холандија ќе бидат прикажувани холандски документарни филмови, а тамошната програма ќе биде комплетирана со одбир на јапонски класици што ги обезбеди амбасадата на оваа земја во Македонија.

На манифестацијата посебно место му е посветено и на македонскиот филм, па така покрај „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор“ на Вардан Тозија и вистинската сторија „Редак“ на Владимир Митревски-Ѓуле, ќе ги видиме и „Недовршена приказна“ на Наум Михајловски, филм снимен во Прага со Верица Недевска во главната улога, „Крајот на светот“ на Јани Бојаџи, дело кое освои неколку награди на фестивалите, „Метох“ на Стојан Вујичиќ за животот на едно монашко братство и новиот филм на Александар Станковски, всушност видео запис за неформалната авторска група „Зеро“ која има големо влијание врз нашата независна уметничка сцена.

Конечно, јубилејното издание на Скопски филмски фестивал ќе биде заокружено со најновиот филм на Теона Митевска „ Жената што си ги избриша солзите“, копродукцијата што својата гламурозна премиера ја имаше на Берлинскиот филмски фестивал и која како ексклузивна гостинка на ова случување ќе ја донесе големата шпанска актерка Викторија Абрил.

Веднаш по фестивалот, на 28 април, филмот ќе биде прикажан и во Битола со што ќе започне неговата редовна дистрибуција во киносалите во земјава, а продуцентката Ана Јорданова од „Луминари медија“, кои го спонзориаа остварувањето, зaбележува дека ова претставува зачеток на една нова генерација филмски работници која ќе има поинаков однос кон културата во земјава.

„Убаво е тоа што ние помлади можеме да се собереме и да почнеме да работиме заедно на еден филм и уште поубаво е да можеме да носиме, млада, свежа публика и секако да оставиме еден впечаток дека македонската филм може да расте и само да гради на таа традиција.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG