Достапни линкови

Пендаровски - Со емоции не се води надворешна политика


Од лидерите на оваа држава се очекува да ги остават емоциите настрана и да не зборуваат за праведно или за неправедно, затоа што за жал во меѓународната политика има многу малку праведност, а повеќе интереси, вели во интервју за Радио Слободна Европа, Стево Пендаровски, член на дипломатскиот совет на СДСМ.

Претседателот Иванов повикува на исправување на неправдата која и е направена на Македонија во Букурешт, на престојниот Самит на НАТО во Чикаго. Дали е ова ефективна реторика пред самитот во Чикаго и дали ни е направена неправда?
Неправда ни е направена неспорно во 2008 во Букурешт и година дена подоцна во однос на Европската унија, во тој дел значи немаме никакви дилеми. Судот во Хаг не случајно пресуди со 15:0 во корист на македонското барање. Меѓутоа проблемот е во тоа што кога политиката ќе почне да се бави со во суштина емоционалани категории, праведно ли е, неправедно ли е, тогаш јас се плашам дека на крајот ние нема да имаме политичка ќар од тој процес.

Неправда ни е направена неспорно во 2008 во Букурешт и година дена подоцна во однос на Европската унија, во тој дел значи немаме никакви дилеми. Судот во Хаг не случајно пресуди со 15:0 во корист на македонското барање. Меѓутоа проблемот е во тоа што кога политиката ќе почне да се бави со во суштина емоционалани категории, праведно ли е, неправедно ли е, тогаш јас се плашам дека на крајот ние нема да имаме политичка ќар од тој процес. Значи од највисоките политички раководители, од лидерите на оваа држава се очекува да ги остават емоциите настрана и да не зборуваат за праведно или за неправедно, затоа што за жал на сите нас претпоставувам дека во меѓународната политика има многу малку праведност, а повеќе интереси, мои, твои, нечии, заштита на интереси, профит и слично на тоа категории.

На Самитот во Букурешт склучивме спогодба за стратешко партнерство со САД. Како стојат работите на овој план?




Моето мислење јас сум го кажувал и тогаш во однос на тоа стратешко партнерство. Ние немавме потреба од тоа, затоа што 20 години наназад ние од Америка добиваме апсолутна подршка во сите битни да ги наречам крстосници на македонската држава. Од осамостојувањето, Рамковниот договор, Јадранската група која исто така е прилично еден силен механизам за заштита направен во еден балкански контекст заедно со Хрватска и Албанија, позади е Америка, признавањето на уставното име, беа доволни да сфатиме дека нас дополнително парче хартија во таа насока не ни е неопходно. Меѓутоа кога е веќе тука во ред е, но не мислам дека нешто битно се одвива спрема тој документ. Бидејќи Америка има една матрица која ја следи од 1990-91, од нашата самостојност и од тоа не отстапува, значи Америка има неколку постулати кои ги поддржува во однос на Македонија. Тоа е прво Македонија да остане во овие граници во кои е, второ Македонија да биде просперитетна држава и трето многу важно, не е помалку важно ако е на крај кажано, да биде демократска земја во рамките на тие граници, значи Македонија интегрирана, но не било каква Македонија, интегрирана.

Кога сме веќе на темата НАТО се очекува повлекување на меѓународните трупи од Авганистан, на што тогаш ќе се сведе македонскиот придонес кон Алијансата.

Тоа прашање може да се постави и за другите земји кои се веќе членки, значи луѓето мислат дека ако не учествуваш директно во некоја прилично опасна или обемна воена мисија дека тоа не е вредно понатаму, дека тоа не се смета како контрибуција. Македонија треба само на една работа да внимава во однос на Авганистан, бидејќи за разлика од Ирак каде што бевме долги години, ова е мисија на НАТО, не е само на Америка, треба да внимава да ја сихронизира својата политика во однос на таа мисија со сојузниците, со партнерите, да не оди сама, како што имаше најави од нашиот поранешен министер за надворешни работи, кој формално или неформално најавуваше потреба од преиспитување на нашето учество таму, заради некаква колатерална штета во Авганистан каде беа убиени во акција на НАТО жени и деца. Значи тој тип на аматеризам во политиката не ни е потребен ако се разбира се уште ја држиме таа стратешка насока во нашата надворешна политика да бидеме членка на Алијансата. Може и без мисии да се придонесува, постојат членки на НАТО кои во формална смисла немаа армии, а се членки на НАТО, што не треба да не загрижува тоа. Битно е дека учествуваме таму затоа што споделуваме заеднички вредности со останатите во Алијансата и ако сите заедно решат дека таму повеќе не треба да се биде, тогаш треба да се почитува тоа, да не се прават излегувања од шема, ни при влез во тие мисии, а уште повеќе при излез затоа што тоа одава впечаток на несериозност.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG